вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 86
АКТУЕЛНО

Црн рекорд: 2341 новозаразени, нови 26 починати од коронавирус

home Фудбал

Ангеловски без поголеми промени во составот

Ангеловски без поголеми промени во составот

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски рече дека нема да прави големи промени во националниот тим пред контролните средби со Финска и со Азербејџан.

– Сметам дека во овој момент нема простор за експерименти, а освен тоа, 2017 беше добра година и задоволен сум од сите репрезентативци што беа повикани. Тоа што е добро не треба да се менува. Имаме голема шанса во Лигата на Нации и сакам да го освоиме првото место. Ги следам сите фудбалери и стојам зад изборот што го направив, изјави Ангеловски.

список финска

Тој во однос на последниот состав, направи смена само на голманската позиција. Го повика Денјан Илиев на местото на Давид Митов Нилсон.

Македонија на 23 март ќе игра со Финска, четири дена подоцна противник ќе и биде Азербејџан.

Двете средби ќе се одржат во Анталија, Турција.

Коронавирус