четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 32
home Фудбал

Анелка: Ваков ПСЖ нема да стигне далеку во Лигата на шампионите

Анелка: Ваков ПСЖ нема да стигне далеку во Лигата на шампионите

Нерешениот резултат на ПСЖ против Клуб Бриж предизвика голем број реакции во фудбалскиот свет, посебно затоа што од првата минута настапија, Меси, Нејмар и Мбапе.

Со ова трио многумина очекуваа повеќе голови во мрежата на Клуб Бриж, но тоа не се случи, па Бриж освои голем бод (1:1).

Играта на ПСЖ ја критикуваше и поранешниот француски напаѓач Николас Анелка.

-Ова беше ПСЖ каков што не сакаме да го гледаме. Можеби беше добро само првите 15 минути, потоа се беше лошо. Немаше никаков интезитет во играта, слабо игравме во одбраната и без идеја во нападот. Не видовме ништо во офанзивната, ако не се смени нешто нема да стигнат далеку во ЛШ, изјави Анелка.

Локални избори 2021