четврток, 22. јули 2021. Вести денес: 204
home Фудбал

Андриј Шевченко: Против Македонија ќе се обидеме да го извлечеме најдоброто од нас

Андриј Шевченко: Против Македонија ќе се обидеме да го извлечеме најдоброто од нас

Фудбалските репрезентации на Украина и Македонија ќе одиграат натпревар во второт коло од групата Ц, од кој ќе зависи пласманот на двете репрезентации на овој шампионат во наредната рунда.

Поразот од Холандија не ја намалува самодовербата кај селекторот на Украинците Андриј Шевченко кој е оптимист за следните два дуели кои ќе ги играат на ЕП.

„Се враќаме во хотелот и веднаш го започнуваме процесот на подготовка за следниот меч. Ќе го гледаме дуелот на Македонија со Австрија. Ќе се обидеме да извлечеме од најдоброто што го направи австриската репрезентација за да победи. Знаевме и пред првенството дека овој дуел ќе одреди кој ќе биде нашиот конечен пласман. Многу од момците се потрошија, ќе видиме кој ќе се опорави доволно за да настапи против Македонија“, вели украинскиот селектор.

За курир.мк од Букурешт

Бошко Тасиќ

 

Коронавирус