понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 1
home Фудбал

Анчелоти со урнебесно ладнокрвна реакција по голот за победа против Тотенхем: Тој видел се и сешто во кариерата (Видео)

Анчелоти со урнебесно ладнокрвна реакција по голот за победа против Тотенхем: Тој видел се и сешто во кариерата (Видео)

Екипата на Евертон стигна до важна победа во ФА Куп пресметката против Тотенхем во трилер натпревар со девет погодоци кој на крај заврши со резултат, 5:4 во корист на „карамелите“.

Последниот погодок на средбата беше постигнат во продолжението кога Бернард по петти пат го матираше Иго Лори за голема радост меѓу фудбалерите и стручниот штаб на Евертон.

Сепак, кога сите се радуваа, крајно ладнокрвна реакција имаше стратегот на Евертон, Карло Анчелоти кој смирено, пиејќи кафе ја проследи целата ситуација.

Видеото од неговата „прослава“ брзо стана вирално на социјалните мрежи, а неговиот помошник, Данкан Фергусон по натпреварот излезе со интересен став во врска со ваквиот потег на Анчелоти.

– Тој има видено се во својата кариера, нели? Ова беше одличен натпревар и беше супер за фановите кои го гледале од дома, -кратко низ насмевка одговори Фергусон.

ЕУРО 2020

Македонија