петок, 18. септември 2020. Вести денес: 76
home Фудбал

Анчелоти со две победи за Евертон во два натпревари

Анчелоти со две победи за Евертон во два натпревари

Карло Анчелоти го изведе Евертон до втора последователна победа од преземањето на кормилото на клубот. Само два дена по дебито на Италијанецот, „карамелите“ остварија успех од 2-1 на гостувањето кај Њукасл. Тие нанесоа втор пораз на „Сент Џејмс Парк“ од почетокот на сезоната.

Доминик Калверт-Луин стана херој за Евертон, кој постигна два гола. 22-годишниот напаѓач го отвори резултатот во 13. минута и постигна гол за 1:2 во 64-тата. Шар изедначи за Њукасл во 56. минута.

После овој успех, екипата од Ливерпул сега е на десеттото место во рангот, и веќе бара места за пласман во евротурнирите за следната сезона.

Резултати во Премиер лигата:

Брајтон – Борнемут 2:0
Њукасл – Евертон 1:2
Саутемптон – Криста Палас 1:1
Ватфорд – Астон Вила 3:0

Коронавирус