Фудбал Лига на шампиони

Анчелоти: Реал Мадрид е сега на потег, атмосферата е позитивна

Реал Мадрид има 12 бода и се наоѓа на 16. место на првенствената табела. Салцбург е на 34. место со 3 бода.

Анчелоти: Реал Мадрид е сега на потег, атмосферата е позитивна

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги искажа впечатоците од синоќешната победа во натпреварот од 7. коло од Лигата на шампионите против Салцбург (5:1).

– Победата беше нашата главна цел. Почнавме прилично бавно, но набрзо го поправивме тоа. Никогаш не се сомневав во нас, бидејќи имаме одличен тим. Мислам дека сега сме на добар пат, атмосферата е позитивна. Се оди добро. Не сум лут ни поради голот што го примивме, изјави Анчелоти.

Реал Мадрид има 12 бода и се наоѓа на 16. место на првенствената табела. Салцбург е на 34. место со 3 бода.

Во последното коло кое е закажано за 29 јануари, Реал Мадрид ќе се соочи со француски Брест на гостински терен.

To top