петок, 6. декември 2019. Вести денес: 164
home Фудбал

Анчелоти: Поразот од Ливерпул беше тежок удар за Наполи

Анчелоти: Поразот од Ливерпул беше тежок удар за Наполи

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти,се ушет не може да ја преболи елиминацијата од Лигата на шампионите.

Педесет и девет годишниот италијански фудбалски стручњак призна дека поразот од Ливерпул беше тежок удар за неговите играчи.

– Поразот од Ливерпул беше тежок удар за Наполи. Сега треба да се насочиме кон Серија А, но д ане заборавиме дека ќе играме и во Лига Европа. Имаме добри изгледи. Работите одат многу добро, но мислам дека можеме да играме многу подобро. Ние сме прилично конкурентни, вели Анчелоти.

Наполи ена второ место во Италијанскиот шампионат со 38 поени, осум помалку од лидерот Јувентус.

МИА