понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 84
home Фудбал

Анчелоти по победата на Реал: Винисиус ме изненадува со една работа

Анчелоти по победата на Реал: Винисиус ме изненадува со една работа

Реал Мадрид ја победи Севилја со голот кој Винисиус го постигна во самиот финиш од средбата.

Домаќините извлекоа максимум од средбата на која имаа и негатива, а решавачкиот момент беше индивидуален блесок на Бразилецот.

Тренерот Карло Анчелоти по средбата не го криел воодушевувањето од Винисиус.

– Ремито можеби беше најфер резултат, но Реал дефинитивно не заслужи да загуби.

– Винисиус има нешто специјално во неговите нозе, во неговото тело.

– Она што ме изненадува кај него е способноста да постигнува голови. Неговиот главен квалитет е во играта еден на еден, дриблинзите и брзината, сите го знаеме тоа. Но, можноста да постигнува голови е изненадување, го немаше тоа претходно. Почна да ги решава натпреварите, а тоа е уште еден чекор напред на патот да стане најдобар во светот, – изјавил Анчелоти.

Коронавирус