сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 83
home Фудбал

Анчелоти откри зошто дошло до неговата разделба со Баерн Минхен

Анчелоти откри зошто дошло до неговата разделба со Баерн Минхен

Поранешниот тренер на Баерн Минхен, Карло Анчелоти се присети на деновите поминати во германскиот шампион. Тој кажа дека не успеал во намерата нешто да промени во клубот.

– Во Баерн не сакаа да менуваат некои работи кои јас сакав да ги променам. Дојде до судир меѓу мојата и нивната филозофија, изјави Анчелоти.

Трофејниот италијански фудбалски тренер во Баерн работеше од 2016 до 2017 година.

Во моментов е предводник на Наполи со кого има освоено максимални шест бода на стартот од сезоната во Серија А. 

(Миа)

Коронавирус