четврток, 9. декември 2021. Вести денес: 82
home Фудбал

Анчелоти откри што му порачал на Куман по „Ел Класико“ дербито

Анчелоти откри што му порачал на Куман по „Ел Класико“ дербито

Карло Анчелоти можеше да биде презадоволен од изданието на неговиот тим и пред се од дисциплината на играчите на гостувањето кај Барселона, но и од фактот што за првпат во кариерата успеа да победи на „Камп Ноу“ како тренер на еден гостински состав.

Дон Карло никогаш во кариерата немаше победено во домот на Барселона до вчера попладне, но таа лоша традиција со промени благодарение на триумфот од 1:2 кој го остварија неговите миленици.

Искусниот Италијанец порача дека најмногу импресиониран останал од солидната игра во одбраната со која се отрфлиле сите налети на домашниот тим, но по крајот на мечот, имаше и кратка конверзација со Роналд Куман која привлече огромно внимание на новинарите, а за која откри ситни детали.

– Најмногу ми се допадна тоа што се покажавме како солиден тим. Тешко им дозволувавме шанси на противничките фудбалери и се браневме на одличен начин. Одигравме интелигентно, одлични бевме во одбрана и уште подобри во контра. Тоа го планиравме. Можевме да бидеме подобри со топката во нозе, но фудбалски квалитет е и доброто бранење. Секој сака да игра повеќе со топка, но не може да го правите тоа против секого. За мене, вистинска доблест е добро да се одбраните, – порача Анчелоти и откри што му нагласил на Куман.

– Му порачав дека имаме комплицирана работа и дека мора да излеземе посилни и да продолжиме само напред, – откри тренерот на Реал.

Коронавирус