понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 5
home Фудбал

Анчелоти не е задоволен по ремито со Виљареал

Анчелоти не е задоволен по ремито со Виљареал

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти не е задоволен од изданието на неговиот тим на синоќешниот меч со Виљареал.

Реал на домашен терен одигра нерешено 0:0 со „жолтата подморница“ во 7. коло на Шпанското првенство против.

-Се обидовме да извршиме притисок, но тие одлично ја контролираа топката и ни правеа проблеми. Очигледно, немавме најдобар натпревар оваа сезона. Имаме среќа што имаме голман како Куртоа. Бранеше одлично и навистина не спаси. Не сум вознемирен од ремито, бидејќи со Виљареал тоа може да се очекува. Ќе го продолжиме патот во шампионатот, истакна Анчелоти за „Мундо Депортиво“.

Реал Мадрид е лидер во шампионатот со 17 бода, додека Виљареал има 8 бода и е на 10. позиција во поредокот. (МИА)

Локални избори 2021