недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 53
home Фудбал

Анчелоти најави дека Елмас ќе биде стартер против Милан

Анчелоти најави дека Елмас ќе биде стартер против Милан

На вечерашниот натпревар од италијанското фудбалско првенство помеѓу Милан и Наполи, во почетниот состав на гостите од Неапол ќе биде и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Дуелот на „Сан Сиро“ е еден од најинтересните во 13-тото коло на Серија А, бидејќи на двата тима им треба победата. Наполи веќе на пет меча во сите натпреварувања не знае за победа.

Најавите се дека Елмас ќе игра на десната страна во средниот ред, нешто како десно крило, на местото на Шпанецот Калјехон, а друштво во средината ќе му прават Алан, Зјелински и Фабиан Руиз, додека напред ќе бидат Мертенс и Инсиње.

Коронавирус