недела, 15. декември 2019. Вести денес: 1
home Фудбал

Анчелоти: На Наполи му недостига стабилност

Анчелоти: На Наполи му недостига стабилност

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти пред мечот против Салцбург во Лигата на шампионите рече дека на играчите им фали континуитет во текот на сите 90 минути.

– Натпреварот е од големо значење. Сакаме да се пласираме во плеј-офот на Лигата на шампионите и затоа ќе сториме сè за да прикажеме добра игра. Можеби на последните натпревари малку ни недостасуваше интензитет во одредени периоди. Во Лигата на шампионите, одлучуваат мали нешта. На некои натпревари оваа сезона покажавме одличен фудбал, но стабилноста не беше доволна, а за тоа мораше да „платиме“, особено во Серија А.

Натпреварот Наполи – Салцбург се игра вечер во неапол со почеток во 21 часот.

По три кола во Е-групата, Наполи е прв со 7 бода, Ливерпул има 6, Салцбург 3, Генк 1.