сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 85
home Фудбал

Анчелоти му се закани на Ливерпул

Анчелоти му се закани на Ливерпул

Новиот менаџер на Евертон, Карло Анчелоти со нетрпение го чека локалното дерби со Ливерпул. Како што е познато, двата тима ќе се спротивстават едни против други во ФА Купот. Натпреварот е во недела во 17,00 часот на „Енфилд“.

Досега Карло има седум победи и едно реми од 12 натпревари против Ливерпул. Тој излезе против „црвените“ како тренер на Наполи, Милан, Реал Мадрид и Челзи.

-Во Евертон, повеќето луѓе знаат за моите успеси против Ливерпул. Тие се задоволни од тоа и се надеваат дека оваа серија ќе продолжи. Ривалството меѓу Евертон и Ливерпул е исклучително големо, но јас имам добар однос со Јирген Клоп. Секогаш е возбудливо да се игра против нив. Секако дека сум ги победувал, но тие нема да сакаат да изгубат. Знам дека сите во Евертон едвај чекаат да победа над Ливерпул. Ова не е невозможна мисија. Ништо не е невозможно во фудбалот, рече Карло Анчелоти. (МИА)

Коронавирус