среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 69
home Фудбал

Анчелоти му одговори на Варан: Не може да се задоволиме само со тоа!

Анчелоти му одговори на Варан: Не може да се задоволиме само со тоа!

Рафаел Варан пред два дена порача дека во Реал Мадрид често не се прославуваат ниту големите титули во Лигата на шампионите, што е јасен показател за тоа какви амбиции и каков пристап има „кралскиот клуб“.

Францускиот репрезентативец откри дека бил посебно изненаден што фановите не ја славеле толку очекуваната „Ла Десима“ како што очекувал, за потоа да освои вкупно четири титули во најелитното натпреварување во Европа.

Пред дербито со Интер кое се игра утре во Мадрид, Карло Анчелоти доби прашање на оваа тема, бидејќи токму тој беше тренер кога Реал ја освои десеттата титула во најелитното натпреварување.

– Историјата и традицијата на овој клуб е дека секогаш мора да се победува, затоа Реал е најдобар клуб во светот. Поради таквите амбиции, Реал го освои сето она што успеа да го освои.

– Варан? Ла Десима ја прославивме онака како што доликува, но јасно е дека не може да се задоволиме со тоа, мора да продолжиме напред и повторно да победуваме. Тоа го бара овој клуб, тоа го бараат овие навивачи, – вели Карло.

Коронавирус