четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 128
home Фудбал

Анчелоти: Мислам само на финалето со Ливерпул, а не на Мбапе

Анчелоти: Мислам само на финалето со Ливерпул, а не на Мбапе
Oscar J. Barroso / AFP7 / Europa Press

Тренерот на шпанскиот фудбалски првак Реал Мадрид, Карло Анчелоти, порача денеска дека максимално е фокусиран на финалето во Лигата на шампиони (ЛШ) против Ливерпул, а не на можното доаѓање во кралскиот клуб на Килијан Мбапе.

– Во моментов размислувам само за финалето во ЛШ, изјави Анчелоти на редовната прес-конференција пред утрешниот прволигашки натпревар против Бетис.

Реал веќе ја обезбеди шпанската титула, а утре во последното коло е домаќин на Бетис. Идната сабота, на 28 мај, следува финалето во Лигата на шампиони против Ливерпул во Париз.

Шпанските новинари ги интересираше дали навивачите го прашуваат Анчелоти додека шета по мадридските улици за можното доаѓање на Килијан Мбапе од ПСЖ.

– Не, бидејќи не се шетам по улиците. Одам во кампот Валдебебас, а потоа со автомобилот дома. Седам во мадридските ресторани, но ме прашуваат само за финалето, изјави со насмевка Анчелоти.

Италијанскиот стратег три пати ја освојуваше ЛШ, а единствениот пораз во финалните натпревари во елитното европско клупско натпреварување во својата тренерска кариера го доживеа од Ливерпул во Истанбул во 2005 година.

Коронавирус