вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Анчелоти: Ќе биде густо на крајот

Анчелоти: Ќе биде густо на крајот

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти коментирајќи ги досегашните натпревари во Ц-групата од Лигата на шампионите, рече дека очекува до крај неизвесност кои две екипи ќе одат понатаму.

– Сите четири екипи имаат шанси. Погледнете што направи Црвена звезда која минатото коло загуби катастрофално од ПСЖ. Неочекувано беше за мене да го победат Ливерпул. Ние имаме две реми со ПСЖ и мала предност во меѓусебниот скор поради повеќе постигнати голови на гости. Во секој случај, има уште две кола до крајот и мислам дека ќе биде многу густо, изјави Анчелоти.

Неговиот Наполи синоќа одигра 1:1 со ПСЖ и со освоениот бод е на делба на првата позиција со Ливерпул со по шест бода. ПСЖ има пет, Црвена звезда четири.

МИА

Коронавирус