сабота, 29. јануари 2022. Вести денес: 0
home Фудбал

Анчелоти: Јовиќ заслужува да игра повеќе

Анчелоти: Јовиќ заслужува да игра повеќе

Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид се зацврсти на првото место во шпанската лига, благодарение на српскиот фудбалер Лука Јовиќ кој имаше асистенција и гол на гостувањето кај Реал Сосиедад.

Лоша вест за најтрофејниот клуб е што се повреди капитенот и нивен најдобар играч, Карим Бензема. Французинот утре би требало да знае точно каква повреда има, но тренерот Карло Анчелоти рече дека Карим сигурно нема да игра во вторник против Интер, кога Реал треба да се бори за првото место во групата во ЛШ.

„Винисиус е одличен, но на Лука му припаѓаат заслугите за победата, му честитав после мечот. Тој заслужува да игра повеќе. Имам и други играчи кои заслужуваат поголема минутажа“ – вели Анчелоти по натпреварот.

Коронавирус