недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 9
home Фудбал

Анчелоти извлекол заклучок: Идејата е јасна, за овој Реал има само една идеална формација

Анчелоти извлекол заклучок: Идејата е јасна, за овој Реал има само една идеална формација

Карло Анчелоти го анализираше натпреварот против Шахтјор кој вечерва е на програмата во Лигата на шампионите, а за кој италијанскиот стручњак најави дека ќе се врати на тактиката која според него е единствена добра за овој тим на Реал Мадрид.

По двенеделната пауза и одложениот натпревар во Примера против Атлетик Билбао, Реал ќе го одигра својот прв меч вечерва, што треба да претставува добра шанса за играчите на Анчелоти да се вратат на победничките патеки.

„Кралевите“ загубија кај Еспањол пред две недели со 2:1 и претрпеа два порази во низа вклучувајќи го оној од Шериф, а со оглед направената анализа во изминатиов период, Анчелоти заклучил дека грешка за Реал било тоа што играл со формација 4-4-2.

– Тоа што не го покажавме нашиот идентитет на последните два натпревари ни беше најава дека нешто се случува. Пробав да се бранам со 4-4-2 против Еспањол и тоа не излезе воопшто добро.

– Идејата е јасна и овој тим мора да игра со една формација. Најидеална формација за Реал е 4-3-3. Може да има натпревари со 4-3-3 каде нема да користиме класично крило, но идеален систем за овој тим на Реал е токму 4-3-3, – заклучи Анчелоти.

Коронавирус