Фудбал познато име

Анчелоти го бара Кака за негов помошник на клупата на Бразил

Анчелоти го бара Кака за негов помошник на клупата на Бразил

Италијанскиот стручњак Карло Анчелоти наскоро официјално ќе биде назначен за нов селектор на Бразил, а медиумите во оваа јужноамериканска држава тврдат дека тој веќе го посочил човекот кој сака да му биде асистент во националниот тим.

Станува збор за поранешниот фудбалер на Реал и легенда на бразилскиот фудбал Кака кој нема тренерско искуство, но добро ги познава играчите и може да му биде од голема помош. Анчелоти му беше тренер на Кака и во Милан и во Реал, заедно имаат 270 натпревари и уживаат голема доверба еден кон друг.

To top