четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 52
home Фудбал

Анчелоти: Ако го гледаме Јувентус, ризикуваме да се демотивираме

Анчелоти: Ако го гледаме Јувентус, ризикуваме да се демотивираме

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти ги повика фудбалерите да не ги гледаат резултатите на Јувентус, кој не прави грешки во Серија „А“ и врви самоуверено кон осма последователна титула.

Анчелоти е на мислење дека Наполи може да се демотивира, ако гледа премногу кон италијанскиот шампион. Искусниот стратег рече дека Наполи се уште не го достигнал својот целосен потенцијал.

– Ако ги гледаме резултатите на Јувентус и размислуваме за нив, ризикуваме да се демотивираме. Треба да мислиме за себе, бидејќи нашиот тим може да направи многу повеќе. Има работи кои треба да ги подобриме. Сè уште не го покажуваме нашиот целосен потенцијал, рече Анчелоти по вчерашниот меч против СПАЛ, кој „небесно-сините“ го добија со минимални 1-0.

Коронавирус