Фудбал

Аморим: Се бориме за нашата работа

Аморим: Се бориме за нашата работа

Рубен Аморим го презема Манчестер Јунајтед во месец ноември и иако со голем оптимизам, енергија беше дочекан на „Олд Трафорд“ овој изминат период не го донесе она на кое сите се надеваа во таборот на премиерлигашот.

-До лето се бориме за нашите работни места. Знаeв кога ја избирав оваа професија дека има ризик од резултат и знаев кога дојдов овде, го гледам распоредот, го гледам тимот и ја разбрав мојата одлука да сменам се на сред сезона без нови засилувања, тоа е опасност за тренерот.

-Но, уште од првиот ден, со добри или лоши резултати, имам јасна претстава за тоа што сакам да правам и ги преземам овие ризици бидејќи на крајот мислам дека ќе се исплати. Не сум наивен, тоа го кажав многу пати, ова е резултатски спорт и ние сме во тешка ситуација, -истакна стратегот пред утрешниот меч со Лестер во ФА Купот.

To top