Фудбал Бруно Фернандеш сигурно остануиа во Манчестер Јунајтед

Аморим: Бруно Фернандеш е вистински лидер

Аморим: Бруно Фернандеш е вистински лидер

Рубен Аморим и Манчестер Јунајтед барем на крајот од сезоната се во фокусот на јавноста поради големата шанса за пласман во финалето на Лига Европа.

„Ѓаволите“ беа убедливи на првиот меч со Атлетик Билбао (0-3) и ги очекува реваншот на „Олд Трафорд“, а португалскиот тренер денес уште повеќе ги израдува навивачите со една изјава во врска со капитенот Бруно Фернандеш.

„Секако дека сакам Бруно да остане, тој е врвен играч од светска класа. Нам ни се потребни сите што се на неговото ниво. Лидер на екипата и исклучително важна тимска алка. Интересот за него е разбирлив и логичен, но јас сум сигурен дека останува во Јунајтед“, изјави Аморим.

Бруно Фернандеш постигна два гола на натпреварот со Атлетик, а досега сезонава беше автор на 19 погодоци и 18 асистенции во сите конкуренции. Португалскиот репрезентатвец е член на Манчестер Јунајтед од 2020 година.

To top