петок, 25. мај 2018. Вести денес: 8
home Фудбал

Амбицијата на Франција на СП е барем полуфинале

Амбицијата на Франција на СП е барем полуфинале

Францускиот фудбалски репрезентативец, Оливие Жиру изјави дека амбициите на „триколорите“ на Мундијалот во Русија се најмалку полуфинале.

– Очекуваме подобар пласман од претходното Светско првенство. Целта која федерацијата ја постави пред репрезентацијата е да се стигне барем до полуфиналето. Секој од нас ќе се обиде да го даде максимумот, истакна Жиру.

Франција на СП е во групата-Ц заедно со Австралија, Перу и Данска.

Мундијалот во Русија почнува на 14 јуни. 

МИА