среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 143
home Фудбал

Алваро Одриозола позајмен во Фиорентина

Алваро Одриозола позајмен во Фиорентина

Десниот бек на шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид, Алваро Одриозола, пристигна во Фиренца, на финализирање на неговата позајмица во Фиорентина.

Одриозола беше трета опција кај Карло Анчелоти на позицијата десен бек после Даниел Карвахал и Лукас Васкес, па поради тоа овој играч замина кај Виолетовите и ќе биде дел од Серија А, со можност да се врати во Реал во периодот кој следи.

„Здраво на сите. Задоволен сум што дојдов тука, напред Фиорентина! Ќе се видиме наскоро“ – рече 25-годишниот Одриозола кој утре треба да ги мине лекарските тестови и да потпише договор за позајмица до јуни 2022.

Локални избори 2021