четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 27
home Фудбал

Алисон го сруши рекордот: Еве кои се топ 15 најскапи чувари на мрежата во историјата (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Алисон го сруши рекордот: Еве кои се топ 15 најскапи чувари на мрежата во историјата (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Ливерпул последниов период малку и нетипично за тој клуб, почна да троши големи средства на играчи, во клубот од градот на Битлси во овој момент се најскапиот голман и најскапиот дефанзивец.

Во јануари оваа година за сума од 75 милиони фунти во Ливерпул од Саутепмтон пристигна Вирџил Ван Дајк, овој трансфер него го направи најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот.

А за уште еден фудбалер да биде најскап на својата позиција се потруди повторно Ливерпул, тие платија неверојатни 66.8 милиони фунти за Алисон Бекер, кој до вчера беше голман на Рома.

Алисон го сруши рекордот кој од ланското лето го држеше голманот на Манчестер Сити, Едерсон, а еве кои се најскапите 15 голмани во историјата на фудбалот.

15.Иван Пелицоли- од Аталанта во Рома за 10.6 милиони фунти- 2001 година

14.Јан Облак- од Бенфина во Атлетико Мадрид за 12.6 милиони фунти- 2014 година

13.Себастијан Греј- од Интер во Парма за 12.8 милиони фунти- 2001 година

12.Анџело Перуци- од Интер во Лацио за 12.8 милиони фунти 2000 година

11.Самир Хандановиќ- од Удинезе во Интер за 15.8 милиони фунти- 2012 година

10.Клаудио Браво- од Барселона во Манчестер Сити за 17 милиони фунти- 2016 година

9.Франческо Толдо- од Фиорентина во Интер за 17.75 милиони фунти- 2001 година

8.Давид Де Геа- од Атлетико Мадрид во Манчестер Јунајтед за 18 милиони фунти- 2011 година

7.Мануел Нојер- од Шалке 04 во Баерн Минхен за 18 милиони фунти- 2011 година

6.Бернд Лено- од Баер Леверкузен во Арсенал за 19.2 милиони фунти- 2018 година

5.Алекс Мерет- од Удинезе во Наполи за 19.6 милиони фунти- 2018 година

4.Џордан Пикфорд- од Сандерленд во Евертон за 25 милиони фунти- 2017 година

3.Џанлуиџи Буфон- од Парма во Јувентус за 33 милиони фунти- 2001 година

2.Едерсон- од Бенфика во Манчестер Сити за 35 милиони фунти- 2017 година

1.Алисон Бекер- од Рома во Ливерпул- 66.8 милиони фунти

 

Коронавирус