среда, 21. април 2021. Вести денес: 125
home Фудбал

Алиоски заминува од Лидс, се знае следната негова дестинација

Алиоски заминува од Лидс, се знае следната негова дестинација

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езџиан Алиоски на крајот од сезоната ќе биде слободен агент, според последните информации кои пристигнуваат од Англија.

Лидс Јунајтед нема да му понуди нов договор, па македонскиот репрезентативец ќе си замине од Англија. Многу веројатно е дека ќе се пресели во Турција,а според најавите би требало да биде нов фудбалер на Галатасарај.

Турскиот гигант се поврзува со името на 29-годишниот дефанзивец веќе неколку месеци. Тој би требало да пристигне во Истанбул како замена за Марсело Сарачи, кој има активен договор за позајмица до крајот на сезоната.

Уште во текот на зимскиот период претставници на клубот го контактирале Алиоски околу потенцијална соработка. Сепак, тогаш Лидс инсистирал преговорите да бидат одложени, со цел да се почека уште некој месец, додека не се донесе конечна одлука околу иднината на нашиот фудбалер.

 

Коронавирус