среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 26
home Фудбал

Алиоски: Сон ми е во 2020 да играм на ЕП со Македонија и со Лидс во Премиерлигата!

Алиоски: Сон ми е во 2020 да играм на ЕП со Македонија и со Лидс во Премиерлигата!

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски, кој веќе ја надмина бројката од 100 меча за англиски Лидс откако во летото 2017 година дојде од Швајцарски Лугано, објави дека сонува во новата 2020 година за два успеси и тоа со Македонија и со Лидс.

Алиоски кој игра во одлична форма и сезонава за англискиот клуб, моментно е на вистинскиот пат после 15 години со Лидс да стигнат до англиската елита и да се пласираат во Премиерлигата. Моментно се втори со два бода зад Вест Бромвич Албион, но десет пред третопласираниот Престон за директно место во најпрестижниот клупски шампионат во Европа. Од друга страна, Алиоски со Македонија го очекуваат клучните мечеви во март во 2020, преку плејофот во Лигата на нации да стигне до пласман на Евро 2020 низ Европа.

„Ќе биде перфектно ако во 2020 година успеам да стигнам до настап на Евро 2020 со Македонија, а со Лидс да играм во Премиерлигата. Тоа е голем сон и јас се надевам дека ќе го остварам“, вели Алиоски.

Македонскиот репрезентативец веќе стопати посочи дека клучен човек за неговиот развој во изминатиов период е Марсело Биелса, аргентинскиот „лудак“ на кормилото на Лидс.

„Сите ние во Лидс направивме голем исчекор напред во кариерите благодарение на Биелса и мислам дека подоцна само ќе зборуваме: ‘фала многу Марсело’. Под негова палка станав посилен, ментално посилен, тактични многу подобар и попаметен“, додава Алиоски.

Коронавирус