четврток, 28. мај 2020. Вести денес: 123
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Алиоски слави јубилеј, 100 меча за Лидс: Горд сум што сум овде

Алиоски слави јубилеј, 100 меча за Лидс: Горд сум што сум овде

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски викендов ќе има шанса да слави јубилеј во дресот на англиски Лидс Јунајтед.

Алиоски е во исчекување на 100. натпревар во Чемпионшип лигата, за некогашниот првак на Англија. Се очекува тој да се најде во составот на мечот против Дерби Каунти, кој е закажан в сабота и да дојде до значајната троцифрена бројка.

„Горд сум кога и да играм за овој тим. Лидс Јунајтед е одличен тим и навистина сум среќен што ќе имам шанса да заокружам еден јубилеј. Овој тим ме промени многу како играч, ме научи да играм на повеќе позиции и тоа ме радува. Се надевам дека јубилејот ќе го крунисам со победа“, изјави Алиоски.

Натпреварот меѓу Лидс Јунајтед и Дерби Каунти кој важи за дерби на колото во Чемпионшип е закажан в сабота од 13:30 часот.

Коронавирус