сабота, 24. јули 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Алиоски не е расист, Македонецот се однесувал детски

Алиоски не е расист, Македонецот се однесувал детски

ФА попладнево соопшти дека е завршена истрагата против Езгјан Алиоски, нема доволно докази дека гестот на Македонецот кон Двајт Мекнил е расистички или дискриминирачки.

Езгјан Алиоски се најде на тапет на фудбалските власти во Англија откако беше пријавен за недолично однесување на мечот помеѓу Лидс и Барнли. Домашните играчи се пожалија кај судијата за еден гест на Македонецот кон Двајт Мекнил, па беше покрената истрага од ФА.

Попладнево пристигна официјално соопштение, ФА извести дека била направени неколку интервјуа.

Џани Алиоски по крајот на натпреварот негирал дека неговиот гест е расистички или дискриминирачки и објаснил дека само сакал да му порача на Двајт Мекнил дека е „плачко“ бидејќи неколку минути порано противникот му се обратил со овие зборови. Македонецот истиот став го имал и кога бил испрашуван од дисциплинската комисија при ФА.

Кога на фудбалерите од Барнли им била пренесена верзијата која ја раскажал Езгјан Алиоски, тие признале дека можат да го разберат гестот од тој аспект и дека Македонецот се однесувал детски.

Ниту еден сведок на инцидентот не бил целосно убеден дека популарниот Џани се однесувал расистички или дискриминирачки, па ФА ја затвори истрагата и нема да го казни фудбалерот на Лидс.

Коронавирус