четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 138
home Фудбал

Алиоски имал превисоки барања – Ал Ахли ги прекина преговорите!

Алиоски имал превисоки барања – Ал Ахли ги прекина преговорите!

Македонскиот репрезентативец Егијан Алиоски сепак нема да ја продолжи кариерата во тимот во Ал Ахли од Саудиска Арабија бидејќи клубот решил да ги прекине преговорите со македонскиот репрезентативец, затоа што фудбалерот ималпревисоки барања.

-Готово е, Алиоски нема да биде фудбалер на Ал Ахли. Преговорите се прекинати, повеќе нема да се разговара на оваа тема поради превисоките барања на фудбалерот“, објави Ал Ахли преку своите профили на социјалните мрежи.

Во текот на вчерашниот ден тренерот на Галатасарај, Фатих Терим, објави дека преговорите со Алиоски исто така пропаднале поради превисоките барања на Македонецот. Останува да се види каде ќе ја продолжи кариерата екс-фудбалерот на Лидс, кој речиси цел месец е слободен играч, но никако не успева да го комплетира наредниот трансфер по заминувањето од „Иланд Роуд“.

Коронавирус