сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 58
home Фудбал

Алиоски им „влезе“ на романските жандарми (ФОТО)

Алиоски им „влезе“ на романските жандарми (ФОТО)

Македонските фудбалери се подготвуваат за дебито на Еуро 2020, а репрезентативецот Езгјан Алиоски своето слободно време го користи да направи некоја лудорија во Букурешт, па и овој пат најде начин како да ги насмее навивачите.

Алиоски е познат по неговите шеги во екипата на Лидс јунајтед, а сега реши да им влезе во возило и на романските жандарми, па така повторно привлече големо внимание на себе пред настапот на Македонија на Еуро 2020.

Македонија го почнува турнирот на 13 јуни со мечот против Австрија, по што следи борба со Украина на 17 јуни, а последниот дуел во групната фаза ќе се одигра против Холандија на 21 јуни.

ЕУРО 2020

Македонија