понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 66
home Фудбал

Александар Трајковски: Ние сме тим, фамилија и имаме огромна мотивација пред ЕП

Александар Трајковски: Ние сме тим, фамилија и имаме огромна мотивација пред ЕП

На денешната прес-конференција зборуваше еден од најискусните во нашата фудбалска репрезентација и член на Мајорка Александар Трајковски . Според него, Македонија ама има уште потенцијал за поголеми резултати.

„Сите знаеме дека ова е голем успех за Македонија. Нормално дека е посебно, бидејќи досега игравме само квалификации, а сега ќе играме на големно натпреварување. Се чувствуваме одлично, ова е сон што сите го сонувавме да заиграме на ЕП. Сите што сме овде сме со огромна мотивација и мислам дека таму ќе го дадеме максимумот и ќе покажеме дека заслужено сме на голем собир. Очекувам да се потрудиме и да направиме добри резултатиСо Германија одигравме тимски натпревар, што заврши со добар резултат. Ни даде добра самодоверба, докажавме дека можеме да се носиме со секоја репрезентација. Ние сме тим, фамилија и затоа продолжуваме со нашиот став, а се надевам ќе имаме добри резултати и на ЕП. Мора да се фокусираме, знаеме зошто сме тука и нема потреба да гледаме што зборуваат за нас. Ќе дојдат натпреварите против сите, па таму ќе покажеме колку вредиме“, истакна Трајковски.

 

Коронавирус