вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 71
home Фудбал

Александар Ставрев ќе биде главен судија на мечот Кипар-Словачка

Александар Ставрев ќе биде главен судија на мечот Кипар-Словачка

Најдобриот македонски фудбалски судија Александар Ставрев е одреден да биде главен судија на квалификациската средба за пласман на Светското првенство 2022 меѓу Кипар и Словачка која ќе се игра на 24. март во Никозија.

Ќе му помагаат Дејан Костадинов и Гоце Петрески, а четврти судија е Игор Стојчевски.

Покрај Ставрев и Стојчевски, од Македонија со знакот на ФИФА за главен судија е уште и  Дејан Јакимовски, кој поради повреда и ангажираноста на работното место не судеше минатата година.

Ќе патува и единствениот делегат за меѓународни натпревари од нашата држава Васко Дојчиновски. На 25. март ќе биде делегат исто така на квалификацискиот натпревар за Светското првенство меѓу Бугарија и Швајцарија што ќе се игра во Софија.

ЕУРО 2020

Македонија