Капитенот на фудбалската репрезентација на Србија, Александар Митровиќ (30), би можел да направи сензационален чекор во својата кариера и да се пресели во гигантот Реал Мадрид.
И покрај тоа што „кралевите“ располагаат со напаѓачки ѕвезди како Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор и Родриго, тимот минатата сезона ја заврши без ниту еден трофеј. Според многумина, токму отсуството на класичен напаѓач – типична „деветка“ – било главната причина за неуспехот.
Со доаѓањето на новиот тренер Чаби Алонсо, започна и реконструкцијата на составот. Неколку имиња веќе си заминаа, а нови засилувања како Франко Мастантуоно, Дин Хујсен и Трент Александер-Арнолд пристигнаа на „Сантијаго Бернабеу“. Сега Алонсо бара и типичен голгетер, а Митровиќ е високо на неговата листа на желби.