недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 29
home Фудбал

Алеиш Видал претставен во Севиља

Алеиш Видал претставен во Севиља

Севиља официјално го претстави својот нов бек, Алеиш Видал. Договорот на дефанзивецот е за четири години.

Дваесет и осум-годишниот Видал се враќа на „Санчез Писхуан“ по три сезони во Барселона.

– Мојата единствена цел беше да се вратам тука. Имаше доста понуди од странство, каде нудеа многу пари. Се враќам тука, каде бев среќен. Луѓето ме познаваат и знаат дека не правам се поради пари. Се водам од моите спортски чувства, изјави Видал за време на неговиот настап.

Видал ја освои Лигата на Европа со Севиља во 2015 година. Потоа запиша деби во шпанскиот национален тим.

Коронавирус