вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 147
home Фудбал

Алегри: За нас преодниот рок заврши

Алегри: За нас преодниот рок заврши

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, соопшти дека неговиот клуб заврши со трансферите во летниот преоден рок. Италијанскиот шампион се засили со Кристијано Роналдо, Леонардо Бонучи и Жоао Кансело.

– Нема потреба да носиме повеќе. Го добивме она што го баравме. Сега ни преостанува добро да ги одработиме подготовките до стартот на новата сезона. Ние сме мотивирани и мислам дека овие засилувања ќе бидат погодок за нас. Со нетрпение очекуваме да почне новата сезона, изјави Алегри.

Јувентус во првото коло од сезоната 2018/19 во Серија А ќе игра со Киево.

Коронавирус