петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 86
home Фудбал

Алегри: Судијата одлучи кој ќе оди во полуфиналето

Алегри: Судијата одлучи кој ќе оди во полуфиналето

Жестоки реакции доаѓаат од таборот на Јувентус по елиминацијата од Реал Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Заедничко за сите нив е тоа дека судијата го решил мечот со досудениот пенал за Реал.

Тренерот на италијанскиот првак Масимилијано Алегри смета дека победникот требаше да биде решен по продолженија и дека судијата не го дозволи тоа.

– Судијата го одлучи вкупниот победник. Жал ми е за играчите кои беа совршени и заслужија продолжение. вака не добивме шанси за екстра фудбал и покрај тоа што направивме пресврт и ја анулиравме негативата од Торино. Уште еднаш ќе кажам, горд сум на моите фудбалери. Сега треба да се фокусираме на домашните предизвици и да заборавиме на ова што се случи овде, рече Алегри.

Јувентус го победи Реал со 3:1, но токму голот што го прими од пенал во судиското надополнување беше пресуден да биде елиминиран.

Коронавирус