петок, 23. јули 2021. Вести денес: 146
home Фудбал

Алегри се врати на клупата на Јувентус

Алегри се врати на клупата на Јувентус

Италијанскиот фудбалски стратег Масимилијано Алегри се врати на клупата од која беше отстранет пред две години, потпишувајќи според медиумските извештаи четиригодишен договор со екипата на Јувентус, вреден девет милиони евра по сезона.

Алегри со Јувентус освои пет последователни шампионски титули во Италија и два пати го донесе тимот во финалето на Лигата на шампиони, но тоа не го спаси од отказ во 2019 година.

Ниту неговите наследници не останаа долго во Јувентус. Маурицио Сари беше отпуштен по една година од назначувањето, а идентична судбина на клупата на „старата дама“ доживеа и Андреа Пирло, под чие водство Јувентус ги освои италијанскиот Куп и Суперкуп, и избори пласман идната сезона во Лигата на шампиони, благодарение на киксот на домашен терен на Наполи во последното коло во Серија А.

Коронавирус