недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 82
home Фудбал

Алегри: Сакам да бидам во Јувентус, тоа што Сер Алекс беше во Јунајтед

Алегри: Сакам да бидам во Јувентус, тоа што Сер Алекс беше во Јунајтед

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри призна дека му се допаѓа моделот на управување, кој го применуваше во Манчестер Јунајтед легендарниот поранешен менаџер Сер Алекс Фергусон.

-Секогаш има некој кој сака да го направи фудбалот посложен и тоа ме збунува. Не зборувам за некој конкретно. Можам само да кажам дека тие ги комплицираат простите нешта. Едноставноста е најтешкото нешто. Одиме во погрешна насока, бидејќи секакви компликации, ја направиме нашата работа уште потешка, вели Алегри, цитиран од „Фудбал Италија“.

Според него, корпоративниот тренер, е тренерот кој носи резултати.

-Јас се сметам себе си како менаџер на клубот, кој мора да направи резиме на крајот на сезоната не само во поглед на спортските перформанси, туку и во однос на развојот на играчите. Резултатите се она што во крајна линија влијае на финансиите на клубот и се надевам дека ќе ја имам истата улога како Фергусон, бидејќи тоа значи дека ќе останам во Јувентус во ист број години, додаде тој. (МИА)

Коронавирус