недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 66
home Фудбал

Алегри по тешката победа против Специја: За среќа победивме мачејќи се на теренот

Алегри по тешката победа против Специја: За среќа победивме мачејќи се на теренот
FILE PHOTO: Soccer Football - Serie A - Juventus v AC Milan - Allianz Stadium, Turin, Italy - September 19, 2021 Juventus coach Massimiliano Allegri reacts REUTERS/Massimo Pinca

Стратегот на Јувентус, Масимилијано Алегри беше нешто посмирен по денешниот прв триумф на неговиот клуб во Серија А.

„Старата дама“ со многу потешкотии славеше на гостувањето кај Специја со 3:2 во натпревар со доста пресврти.

И на оваа средба Јувентус не играше на посакуваното ниво, а тоа за Алегри е добро затоа што со лесна победа против тимот на Специја ќе биле „замачкани“ проблемите на тактички план кои се евидентни во клубот од Торино.

– За среќа го добивме овој натпревар така што се мачевме да стигнеме до победата. Во спротивно можеби ќе мислевме дека сме одиграле одлично и дека нема ништо што друго да се направи.

– Има многу работи кои треба да се поправат. Имаме играчи кои мора да бидат подобри при нивните одлуки за завршниот пас и кога да шутираат во целта, -изјави Алегри кој очигледно ќе има мака да создаде шампионски дух во соблекувалната.

Локални избори 2021