петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 158
Во живо

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Лозово

home Фудбал

Алегри останува во Јувентус

Алегри останува во Јувентус

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, по елиминацијата од Ајакс во четвртфиналето на Лигата на шампионите, рече дека ќе остане во тимот.

-Пред неколку дена се сретнав со претседателот на клубот и му кажав дека ќе останам во Јувентус. Заедно со раководството седевме и разговараме за иднината на клубот, изјави Алегри за „Фудбал Италија“.

Педесет и едногодишниот Алегри, заедно со Јувентус, освои четири шампионски титули, на дофат е и петтата во низа во италијанскиот шампионат. Двапати стигна до финалето на Лигата на шампионите. (МИА)

Коронавирус