вторник, 20. август 2019. Вести денес: 33
home Фудбал

Алегри: На Јувентус ќе му биде потешко да победува следната сезона

Алегри: На Јувентус ќе му биде потешко да победува следната сезона

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри изјави дека на тимот ќе му биде потешко да победува следната сезона.

– Како и секогаш, по крајот на првенството ќе треба да се седне и да се размисли како д асе зајакне тимот. Зад нас останува силна, со освоени трофеи, но и со „кикс“ во Лигата на шампионите каде бевме елиминирани во четвртфиналето. Тогаш бевме без пет клучни играчи. Ова не значи дека тие што ги заменуваа не беа погодни, но моравме редовно да ги користиме истите играчи, и тие беа уморни. Ќе ја проучуваме оваа сезона и ќе размислиме за иднината. По овие осум години, од кои пет минаа со мене на тренерската позиција, сметам дека ќе има помалку и помалку простор за грешка. Ќе биде потешко да се победува, вклучително и во серијата А, истакна Алегри.

Неговата иднина на клупата на Јувентус е неизвесна, а претходните денови светски медиуми објавија шпекулации дека Алегри ќе оди во Пари Сен-Жермен.