четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Алегри: Ги згрешив измените, требаше да ставам дефанзивни фудбалери

Алегри: Ги згрешив измените, требаше да ставам дефанзивни фудбалери

Тренерот на Јувентус, Масимо Алегри ја прифаќа одговорноста за ремито против Милан во кое неговиот тим водеше во голем дел од мечот.

Јувентус поведе уште во петтата минута со гол на Мората. Милан израмнии на 15 минути до крајот, а во финишот имаше шанса и за пресврт, но Шчесни го одбрани ударот на Калулу.

Тренерот на Јуве, Масимо Алегри, пред примениот гол во игра ги стави Кин и Киеза на местото од Мората и Квадрадо. Тој вели дека тоа му било грешка.

-Ќе признаам дека направив грешки со замените, ги згрешив. Требаше да ставам подефанзивни фудбалери во игра и да го заклучевме водството од 1-0, па ја прифаќам одговорноста за тоа, вели Алегри.

-Проблемот е што победувањето на натпревар е едно, а освојувањето лига е друго, и тоа значи дека не треба да примате голови по грешки како нашата. Можеме да играме нерешено ако другиот тим одиграл подобро од нас, а не ако ние сме му подариле реми“.

-Има некои позитивни работи, пример првото полувреме, но тоа што ме лути се последните 15 минутии. Требаше да играме пожестоко, да се бориме до последниот атом од силите. Во овој случај мора да го одбраните резултатот дури и играта да не е убава.

Локални избори 2021