сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Алчниот Раиола го попречува трансферот на Балотели во Марсеј

Алчниот Раиола го попречува трансферот на Балотели во Марсеј

Агентот Мино Раиола е виновникот што Марио Балотели се уште не преминал во Олимпик Марсеј. Ова го тврди француското издание „Екип“, кој го обвинува Раиола за насочени лаги, со цел поголема провизија за него.

Ница и Марсеј продолжуваат со преговорите за Италијанецот, но во нив има еден куп проблеми кои Раиола ги создава со цел неговиот клиент да премине во друг тим. Марсеј се согласи со личните услови на играчот, но тие не се согласуваат да ја платат високата провизија на Раиола.

Според изданието, сагата почнала уште во март, кога Италијанецот јавно изјави дека Балотели ќе биде слободен агент во текот на летото. Неговите коментари, сепак, биле „насочени лаги“, кои ги налутиле во Ница, бидејќи всушност 27-годишниот напаѓач има уште една година од договорот.

Адвокатот на Марсеј, Александар Миале ја контактирал Ница во јуни, прашувајќи за можноста да го привлечат Балотели. Во текот на разговорот тој навел дека Раиола изјавил оти Балотели може да премине во кој било тим за 10 милиони евра. Сепак, Марсеј не може да си дозволи да ја плати и трансфер сумата и платата на Балотели, како и провизијата на Раиола.

Така, Балотели се уште продолжува да тренира со Ница, а тој, пак, им рекол на своите соиграчи дека трансферот се одолговлекува поради интерес од Пари Сен Жермен.

МИА

Коронавирус