сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 106
home Фудбал

Аларм во тимот на Горан Пандев: Џенова има 14 позитивни на коронавирус

Аларм во тимот на Горан Пандев: Џенова има 14 позитивни на коронавирус

Џенова потврди 14 нови случаи на коронавирус само еден ден по дебаклот од Наполи со 6-0 на „Сан Паоло“. На веќе заразените Шоне и Перин кои не отпатуваа за Неапол, 14 нови членови од екипата се ставени во самоизолација откако имале позитивни резултати по денешните тестирања.

Клубот за којшто настапува македонската легенда Горан Пандев, потврди дека заразени се осум фудбалери, останатите се членови на стручниот штаб, а имињата засега не се познати.

Можно е меѓу заразените да има играчи кои вчера настапија на средбата против Наполи, па нема да биде изненадување да има позитивни случаи и во редовите на тимот на Џенаро Гатузо.

Коронавирус