четврток, 26. април 2018. Вести денес: 51
home Фудбал

Алан Ширер: Еве зошто Салах, а не Де Бруин

Алан Ширер: Еве зошто Салах, а не Де Бруин

Поранешниот напаѓач Алан Ширер вели дека Мохамед Салах е најдобриот играч во Англија, откако во директен дуел Ливерпул го победи Манчестер Сити во Лигата на шампионите.

Ширер пред двомечот на двете екипи во елитното натпреварување рече дека ќе сочека исходот, па ќе пресуди кој е подобар, Салах или Кевин де Бруин, зашто и двајцата имаат одлични сезони.

Сити ја освои титулата, но Ливерпул помина во полуфиналето од ЛШ со 5:1 од двата напревари, а Салах ги предводеше „црвените“ со 40 голови во сите натпреварувања.

На скратениот список на конкуренти за наградата се Лирој Сане, Хари Кејн, Давид Силва и Давид де Хеа.

-Никој не можеше да предвиди дека Салах ќе биде во ваква форма, кога потиша за Ливерпул минатото лето. Всушност, сите ги креваа рамениците кога Ливерпул плати 34.3 милиони фунти за него, иако тоа беше поради тоа како помина во Челси. Но сега го добива мојот глас за играч на годината, изјави Ширер.

Легендата на Њукасл вели дека конечната одлука ја данел по одигрувањето на двомечот во ЛШ.