четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 80
home Фудбал

Алаба сака да ја продолжи кариерата во Барселона

Алаба сака да ја продолжи кариерата во Барселона

Дефанзивецот на Баерн, Давид Алаба, сака да се пресели во Барселона, објави „Sport.es“.

Според изворот, преговорите на 28-годишниот Австриец за продолжување на договорот со минхенскиот клуб се одолговлекувале, бидејќи играчот сака да добие 20 милиони евра годишно. Алаба, наводно, ја смета Барселона за клуб способен да ги исполни неговите барања.

Шпанскиот медиум тврди дека Каталонците се подготвени да го потпишат играчот, но по една година, кога ќе заврши неговиот договор со Баерн Минхен.

Во сезоната 2019/20, Алаба одигра 38 натпревари за Баерн, постигна два гола и направи две асистенции.

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на играчот на 65 милиони евра. (МИА)

Коронавирус