недела, 9. мај 2021. Вести денес: 135
home Фудбал

Алаба потпиша со Реал и стана најплатен дефанзивец во историјата!

Алаба потпиша со Реал и стана најплатен дефанзивец во историјата!

Австрискиот репрезентативец Давид Алаба постигна договор да се пресели во Реал Мадрид. Соработката е на пет години и ќе го направи 28-годишникот најплатен дефанзивец во историјата.

По една деценија Австриецот си заминува од Баерн Минхен. Оваа информација се очекуваше подолг период, а се потврди вчера. Мадриѓани ќе му исплаќаат плата од 22 милиони по сезона. Тоа во очите на фудбалските фанови значи дека Серхио Рамос сигурно си заминува од „Сантијаго Бернабеу“.

Преселба во Мадрид беше голема желба за Алаба. За него имаше интерес од Барселона, Манчестер Сити, Челзи и ПСЖ, меѓутоа на крај тој одлучи да го засили славниот клуб од шпанската престолнина.

Досега одбранбениот фудбалер забележа 427 настапи (33 погодоци) за Баерн, двапати ја освои Лигата на шампионите и шест пати Купот на Германија. Оваа година може да ја додаде и неговата десетта шампионска титула во Бундеслигата.

Коронавирус