четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 88
home Фудбал

Алаба подготвен за финалето на Лигата на шампионите

Алаба подготвен за финалето на Лигата на шампионите

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба изјави дека е подготвен да игра во финалето на Лигата на шампионите, информација која е добредојдена за тренерот на „кралскиот клуб“ Карло Анчелоти.

Дваесет и деветгодишниот Австриец поради здравствени проблеми го пропушти реваншот од полуфиналето против Манчестер сити, како и пет натпревари од шпанската Ла Лига.

– Се чувствувам многу добро. Имав време да закрепнам. Работев многу напорно во последните денови за да бидам подготвен, изјави Алаба за „ Football Espana“.

Оваа сезона Алаба забележа 45 настапи за Реал Мадрид, постигнувајќи три гола и четири асистенции.

Финалето на Лигата на шампионите, во кое Реал Мадрид ќе игра со Ливерпул, ќе се одржи на 28 мај во Париз на стадионот „Стад де Франс“ со почеток во 21 часот.

Коронавирус